Вчеравечер во 20.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Т.(42), О.Е.(33), А.Ј.(29), К.А.(29), Е.С.(27), М.Е.А.(30), Х.Т.(28), М.З.(21) и В.С.(25), сите од Република Турција, затоа што при гранична контрола кај нив биле пронајдени британски визи и британски дозволи за престој за кои постојат основи на сомнение дека се фалсификувани.
Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.