Поранешната полициска инспекторка, Марија М., која беше пронајдена мртва во стан во Охрид, починала од предозирање со наркотични средства, покажуваат првичните сознанија за причините на смртта, објави „Охридскај“.
Пораншната инспекторка на криминалистичката полиција во СВР Охрид, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан на улицата „Сирма војвода“.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, по што детално ќе бидат познати причини за смртта и приближно времето кога настанала смртта.
Во текот на истрагата остануваат на разгледување и првичните информации дека на телото на починатата имало траги на насилство и дека можеби станува збор за насилна смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.