Тешки повреди се констатирани кај скопјанецот, во кој вчера удри возило кај последна 24-ка во Кисела Вода.

Како што соопштува МВР, во 18.25 часот било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“, патничко возило „пежо 407“ “, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С. од Скопје удрило во пешакот Љ.Б.(57) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.