Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла дваесет и едногодишниот возач кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни псоледици
Десетгодишно дете во попладневните часови било прегазено на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ улица во Скопје.
Возачот со своето возило марка „Мерцедес“ избегал од местото на несреќата, додека околните минувачи се обидувале да и помогнат на жртвата.
Неуспешен бил обидот и на Брзата помош да му ја поврати свеста на момчето, па откако е превезено во Ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.
Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла дваесет и едногодишниот возач кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни псоледици.
Неофицијално, се работи за 10-годишно момче кое се обидело да го премине булеварот во близина на раскрсницата кај американската амбасада, а Мерцедесот се движел од правец од Бит Пазар со поголема брзина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.