Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџерка во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле 10 странски државјани од Непал, кои биле вработени во угостителскиот објект.

Според пријавеното, тие на подрачјето пристигнале на 22.04.2024 и истиот ден престојот уредно го пријавиле во СВР Тетово, велат од тетовската полиција, од каде преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.