Вчера во 08.55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Н.В.(85) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од П.Е. од Тетово, вработена во Ургентен центар Тетово, дека во 08.30 часот физички ја нападнал на работното место, а подоцна физички нападнал и полициски службеник кој преземал службени дејствија.
Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.