ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.С.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправна градба“.

Тој, во текот на 2024 година, на дел од катастарска парцела покрај крајбрежјето на Дебарското езеро, во месноста „Бадеми“, сопственост на А.Д. ЕСМ-Скопје, бесправно изградил објект за домување од цврста градба и го оградил, со што се стекнал со противправна имотна корист. На терен се и полициски службеници кои вршат увид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.