Шумски пожар попладнево ја зафати околината на Струга, во околината на туристичката населба Елен Камен, во близина на селото Радожда, а како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во пожарот е зафатена дабова и нискостеблеста шума.
ЦУК во фејсбук-објава информира дека проблем во гасењето на пожарот прави и ветерот кој дува преку целиот ден, но оти моментално нема опасност од загрозеност на објекти.
Но, поради ветерот екипа на ТППЕ-Струга постојано ќе го контролира опожарениот простор во текот на ноќта – стои во фејбук-објавата на ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.