Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против З.Т.(59) од Пробиштип кој неовластено подигнал туѓи парични средства од банкомат.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, З.Т. се сомничи дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 04.05.2024 пријавениот, искористувајќи го моментот кога оштетениот од банкомат на банка во Пробиштип не успеал да подигне парични средства и не се одјавил од системот, неовластено од неговата сметка подигнал парични средства во износ од 20.000 денари, стои во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.