Едно лице е повредено во инцидент кој ноќва се случил во охридски хотел. Според нашите извори, на семејна прослава во хотелот „Лаки“ во Охрид, дошло до групна тепачка во која биле користени ножеви.

Настраданиот, велат нашите извори, е човек близок до поранешниот премир Зоран Заев и е во критична состојба.

Самиот хотел е, исто така, на локален функционер од СДСМ.

Од МВР за „Република“ го потврдуваат инцидентот.

Денеска во СВР Охрид, пријавено e дека во 02.40 часот, во Општата болница во Охрид, со повреди бил донесен А.Ј. од Охрид. Според пријавеното, тој бил повреден при физички напад со остар предмет во угостителски објект во Охрид, велат оттаму.

Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.