Синоќа во 22:50 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Неготино-Кавадарци, на местото викано „Маренски уши“, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.П.(43) од Неготино и патничко возило „лада“ без регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(40) од Росоман. Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките во возилото „лада“, Г.Г.(39) од Штип и А.В.(42) од Росоман, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, појаснија од МВР.

Оттаму додаваат дека синоќа околу 20:30 часот во Полициската станица Неготино, било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, товарно возило „сканија“ со гевгелиски регистарски таблички со полуприколка, управувано од Е.П.(31) од село Стојаково излетало од патот при што е причинета материјална штета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.