Македонската полиција приведе четири лица од Албанија кои илегално ја преминале државната граница и нелегално береле шумски плодови од Шар Планина.

Како што информира МВР,  полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со мотопатролна служба на Национален парк „Шар Планина“ на место викано „Бриставец“, ги привеле В.Б.(38), Б.Н.(56), К.Н.(28) и А.Б.(64), сите од Република Албанија, поради сторен прекршок по член 104 од Законот за заштита на природата и илегално преминување на државната граница помеѓу Република Албанија и Република Македонија.

Тие биле затекнати како собираат шумски плодови без соодветна дозвола што ја издава Национален парк „Шар Планина“, а во нивното возило „нисан навара“ со албански национални ознаки биле пронајдени шумски плодови.

Пронајдените плодови биле предадени на националниот парк, а лицата биле предадени на Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.