Четворица малолетници се тешко повредени откако рано утринава со автомобил влетале најпрво во метална канделабра, па во бетонска жардиниера на „Водњанска“.

Од МВР  велат дека несреќата кај нив е пријавена утринава во 04.20 часот.

На крстосницата од бул.“Мајка Тереза“, со ул.“Тодор Александров“ и ул.“Белградска“ патничко моторно возило “форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и бетонска жардињера.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“ и Комплексот клиники “Мајка Тереза“, велат од МВР.

Неофицијално, возачот имал 15 години.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

фото: МКД.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.