Пешак бил усмртен во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, потврдуваат од МВР за Курир.

Во 17 часот во СВР Струмица било пријавено дека патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево, велат од МВР.

Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.