Тетовските пожарникари, попладнево пред 18 часот, интервенирале на пожар што избувнал на оставен мебел пред контејнер, при што огнот го зафатил и ѕидот од зградата на улицата „Страшо Пинџур“ кај трговскиот комплекс „Ловец“.

Од тетовската територијалан противпожарна единица информираа дека тројца пожарникари со едно возило успеле да го ликвидираат пожарот.

Имаше оставен кревет и елементи од кујна и друг вид мебел. Пред 18 часот некаде се појави пожар, најверојатно намерно ги запалил остатоците од мебелот. Во еден момент огнот беше толку силен што го зафати и контејнерот и ѕидот од зградата. Можеше да биде уште поопасен пожар, насекаде тука има кабли и инсталациии. Среќа интервенираа пожарникарите на времено, велат станарите од зградата на улицата „Страшо Пинџур“.

За пожарот била повикана и полицијата за да изврши увид на самото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.