Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано „Каменолом“, товарно возило „ман“ со полуприколка – цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот.
Како што соопшти МВР, во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.