Обвинителот Гаврило Бубевски утрово за српските медиуми изјавил дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризерот Панче Жежовски им се заканува казна затвор од десет години, но и доживотна казна. Според него, денеска се очекува првата кривична пријава против осомничените.

Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потера по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, така рекле осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација, рекол Бубевски за српска „Нова“.

Според него, киднаперите се плашеле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, вели обвинителот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.