Вчера во 12.10 часот на автопатот „Пријателство”, во близина на клучка Петровец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6″, со српска национална ознака, управувано од М.Н. од Р.Србија и мотоцикл „хонда” со национална ознака на БиХ, управуван од В.М. (38) од БиХ, соопштува МВР.
Во несреќата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, велат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.