Пожарот што изби кај селото Патеец кај Кичево се претвори во голем шумски пожар.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, објави дека врз овој пожар се дејствува со шест ертрактори – два наши, два германски и два кипарски. Пожарот се гасне и од земја, а на некои места горат и борова и букова шума.
Покрај кичевскиот, активни остануваат уште шест пожари.
Најголемиот е оној кај Македонски Брод и постепено се става во контрола.
Ангелов во послендиот извештај за состојбата со пожарите, соопшти дека кракот кон Јасен е активен, иако со помал обем. На лице место десјтвуваат 20-на вработени во Јасен, потпомогнати од локални пожарникари со пртивпожарно возило.
Второит крак кон Козјак е целосно изгаснат. Изработен е противпожарен појас што не би дозволил да продре до селото, доколку повторно се разгоре.
Третиот крак е оној кај Белице, кадешто дејствуваат 20 припадници на Армијата и локалните пожарникари. Воспоставена е делумна контрола и не постои опасност.
Активен е и пожарот на Галичица кој се префрли на ресенска страна кон Стење. Дејствуваат 18 доброволци на Црвен крст.
„Верувам дека овој пожар ќе биде сопрен и нема да ги загрози населените места во подножјето на Галичица од двете страни – охридска и преспанска“, рече Ангелов.
За пожарот кај Новаци, првиот човек на ЦУК рече дека се дејствува со два хеликоптери. Тука гори ниска вегетација на карпест терен, каде дејството од земја е ограничено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.