Патничко моторно возило „бмв“ се запалило во движење на автопатот Куманово-Табановце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и полицијата. Во пожарот нема повредени лица.
Вчера во 12:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило во движење на автопатот Куманово – Табановце во сопственост на Д.С.(26), соопштија од полицијата.
Екипа на противпожарна единица од Куманово интервенирала и го изгасила пожарот на возилото „бмв“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.