На 19.09.2024 на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(29) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 11.40 часот го запалил мопедот со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Битола, кој претходно го управувал.

Увидот бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.