Денеска во Полициската станица Битола, полициски службеници извршиле службен разговор со Х.Ј.(27) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека по кратка расправија, со остар предмет му нанел повреда на Ѓ.Ј.(34) од Битола.

Ѓ.Ј. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му била укажана лекарска помош.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.