Верижен судир на неколку возила вечерва се случил на улицата „Илинденска“ пред Владата. Во сообраќајката која попладнево се случи близу Владата, учествувале и министрите за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според првичните информации нема повредени лица, а Телма ТВ јавува дека според неофицијални информации, еден од учесниците во судирот бил и министерот за финансии Фатмир Бесими кој е во владината зграда каде во тек се преговорите за минималната плата.

Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“; напиша Бесими на Фејсбук.

Сител телевизија објави дека има еден повреден и со Брза Помош е однесен.

Дел од медиумите јавија и дека вицепремиерот Бојан Маричиќ бил во едно од возилото, но тој во гостувањето во живо во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ ја демантираше оваа информација.

Од МВР сè уште нема официјални информации за сообраќајката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.