Истрагата се проширува, но она што ги вчудовидува обвинителите се најновите сознанија. Беким Мемети не само што ја отворил футролата и го грабнал пиштолот на затворскиот чувар, успеал со врзани дланки да испука не еден туку два куршуми, и од рикошет да го рани возачот во стомак, објави телевизијата „Телма“.
Според сознанијата на „Телма“ што навистина се случило во комбето кое со четворица затворски чувари, а со наредба од командирот Срѓан Димитријевски и без придружба се упатило кон клинички е непознат дел за истрагата.
Во првичните изјави, петмината затворски чувари негирале дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, велат извори од истрагата за Телма. Осомничените, прашани зошто во ниту еден момент не реагирале кога врзан човек молскавично ги совладал и застрашил се бранеле дека се исплашиле и затоа не реагирале.
Целиот текст тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.