Од затворите во земјава се бега како никогаш досега. По бегството на затвореникот од затворот „Идризово“, јавноста дознава за уште едно бегство. Овојпат од затворот „Шутка“.
На 14 јануари од затворот избегал Нафи Абдиовски, осуден за измама на 8 месеци.
Информациите на Алсат ги потврдува и затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека избегал околу 17.00 часот.
Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата, вели Садуш Арифи, заменик-директор на затворот Шутка за Алсат.
Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.
Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена, велат од МВР.
Инаку, бегалецот Абдиовски има богат фотоалбум со спомени од заедничките моменти со актуелни владини, но и поранешни функционери. Тој важеше за еден од најверните поддржувачи на поранешниот премиер Зоран Заев од Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.