Успесите на довчерашниот прв полицаец Оливер Спасовски се бројат во избегани криминалци, нерешени убиства, грабежи, афери. Во времето додека раководеше со МВР, како технички министер, а потоа и како министер, Македонија се претвори во Дивиот Запад, а улиците во Скопје станаа вистинско бојно поле.

Повеќе никој не се сомнева во намерата на министерот, а денес технички премиер, да го прикрие криминалот наместо да се сузбие. Докази за ова има колку што има и слободни криминалци.

МВР на чело со Наќе Чулев вчера го уапси Нефи Абдиоски, кој се бара подолго време за лежење затвор. Неверојатно, но во времето додека полицијата на Спасовски го барала криминалецот Абдиоски, тој се фотографирал со Спасовски, со Пендаровски, но и со Заев и тоа во премиерскиот кабинет во Владата…

Абдиоски е уапсен затоа што е осуден на шест месеци затвор, а по него се трага и за еден куп други кривични дела. Тој е многу близок до раководството на СДСМ и во минатото прилично и вршеше работа на партијата за избори.

За тоа колку ѝ бил блиску на правдата Абдиоски, говорат и овие фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.