Вчеравечер во 23.50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(24) од Скопје поради тоа што бил баран со потерница по судска наредба за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по чл.236 од КЗ, а при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Околу 23.30 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници го забележале Д.Д. во патничко возило „алфа ромео“ во кое имало уште две лица. Тој на даден знак не застанал туку продолжил и кога стигнал во населбата Горно Лисиче, удрил со возилото во бандера. Во возилото биле затекнати и приведени А.А.(23) и уште една 17 годишна малолетничка, која е предадена на родител, соопшти МВР.
Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, а ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.