На автопатот Велес-Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од СВР Велес, вчера го привеле С.Е.(24) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти МВР.

Тој, со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е..

Претходно, С.Е. во близина на наплатна станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица. С.Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно –транзитен центар Винојуг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.