На 28 јануари во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.И.(25) и Ј.К.(35), двајцата од гостиварски Добри Дол.

Според пријавеното, околу 05.30 часот на булевар „Браќа Ѓиноски“ тие со патничко возило „опел корса“ му го попречиле патот и физички го нападнале В.Ф.(29) од
Гостивар, по што со употреба на сила се обиделе да го извлечат од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Како што е
пријавено, при обид да побегне, В.Ф. со возилото тргнал назад и со отворената возачка врата ги соборил напаѓачите, а притоа го оштетил неговото возило, велат од СВР Тетово.

Во врска со настанот, во 16.00 часот во ОВР Гостивар, С.С.(35) од Гостивар пријавил дека околу 12 часот во неговиот дом дошле В.Ф. и И.Ј., физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле пари. ОД полиција велат дека В.Ф., исто така, бил лишен од слобода и по расчистување на случајот против инволвираните ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.