Автомобилот кој вечерва гореше на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ и зградата на Црвен крст во центарот на Скопје, се запалил во возење.
Како што соопштуваат од МВР, во 18.45 часот Г. Д. (28) од с.Ростуше пријавил дека на бул. „Кочо Рацин“ додека го управувал неговото возило „даеву ланос“ почнало да чади од хаубата и да избива пламен при што е изгорен делот кај моторот и шал таблата.
Како што претходно вечерва од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје информираа за МИА, нивна екипа од пет пожарникари и едно противпожарно возило интервенирала околу 19 часот и пожарот бил изгаснат. Причинета е материјална штета, а информации за повредени нема.
На само стотина метри од овој пожар пред неколку дена експлодираше автомобил во движење. Тогаш целосно изгоре „опел“, кој се запалил во движење, а за среќа возачот не бил повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.