Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со една значително поголема мечка и уште две помали мечки.
Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот сите биле под голем стрес, а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи.
Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна, велат од ЦУК, почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.
Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ЦУК доцна синоќа ги повика надлежните институции да ги презедат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваа и невладините организации од оваа област да се вклучат и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки.
Овој случај, како што велат од ЦУК, отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувале можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дошле повеќе формално-правни и функционални недостатоци, велат од Центарот за управување со кризи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.