Дваесет и двегодишно момче е повредено откако со возило се преврте во центарот на Тетово денеска околу 14 часот и 45 минути. Тој се движел по булеварот „Илинденска“ и се превртел пред кружниот тек кај плоштадот.

Околу 14 часот и 45 минути движејќи се со патничкото моторно возило „опел корса“ со тетовски регистерски таблички кое го управувал 22-годишниот С.Р, изгубил контрола, излетал од коловозна лента и се превртел на покривот од возилото. Возачот кој бил сам во возилото, добил повреди и бил однесен во Клиничка болница – Тетово за укажување на лекарска помош, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Екипи на СВР Тетово вршат увид на местото на незгодата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.