Околу 7.30 часот утрово, во отворениот канал за собирање на атмосферски води во реонот Пролече во Штип, пропадна автомобил марка опел корса со штипски регистерски таблички, пренесува каналот „ММС“.
Според сведоци на настанот, со возилото пропаднал и 36 годишен човек, кој бил пренесен во болница, но не му биле констатирани повреди, по што си заминал.
Член на семејството на возачот изјавил дека тој со возилото тргнал на работа утрината, меѓутоа, поради мразот на улицата, се излизгал, преминал на тротоарот и прво удрил во дрво, по што пропаднал во отворениот канал.
Повеќе на ММС
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.