Автомобил утрово излетал во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга, повредени нема.
Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга.
Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски.
По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.