Два авиона „Ер трактор“ за Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер интервенираат во гаснење на големиот шумски пожар над село Отовица што изби попладнето околу 14 часот.

Со пожарот е зафатана борова шума, а во негово гаснење се вклучени  и 20-тина пожарникари со противпжарни возила, десетина  вработени од ЈКП„Дервен“ и месното население од село Отовица кое живее во близина на пожарот, информира за МИА, градоначалникот на Велес Марко Колев кој е на терен во подршка на лицата вклучени во гаснење на пожарот.

Тој појасни дека пожарот е на истата локација каде завчера исто така имаше пожар, но  со тоа што сега е зафатена и гори поголема површина на борова шума и тоа на непристапен терен.

Баравме гаснење од воздух бидејќи станува збор за непристапен терен,потенцира Колев.

Пожарот е во близина на автопатот Велес-Скопје каде поминуаат илјадници возила, а  Колев се сомнева дека можеби отпушок од цигара фрлен од кола е причината за пожарот.

За краток  временски период од само два дена се случува  од автопатот да се прошири пожарот, кон шумата. Не можам да тврдам само можам да претпоставувам дека причината е можеби отпушок од цигара фрлен од кола, потенцира Колев.

Истрагата на СВР Велес  треба да утврди што е причината за овој голем шумски пожар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.