Вчеравечер во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ (Чаир) во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(58) од с.Арачиново, скопско, удрило во пешакот К.К.(37) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.