Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Единицата за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Куманово, во кумановското село Никуштак го лишија од слобода С.И. (40) од Арачиново.

Како што информираат од МВР, тој е лишен од слобода како резултат на спроведена истрага на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 килограми наркотична дрога марихуана на 31 март 2022 во Штип.

– Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот. Во координација со СВР Скопје, ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и сим картички, е наведено во соопштението од Министерството.

На лицето С.И. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во истражен затвор Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.