Апелацискиот суд ги потврди казните на сите осудени за убиството на хравтскиот ракометар, Денис Тот.
Првообвинетиот, Анџело Ѓорѓиевски, доби казна од 18 години затвор исто колку и второобвинетата, Клементина Лефковска.
И на третообвинетиот Андреј Костовски му е потврдена казната затвор, а тој беше осуден на 16 години.
Промени има во пресудата само во делот на сумата на пари која треба да ја исплатат на членови на семејството Тот.
Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот А. Ѓ. е одбиена како неоснована, а жалбите на обвинетите А. К. и К. Л. се делумно уважени на начин што пресудата на Основниот кривичен суд се преиначува и во однос на досудениот износ на име нематеријална штета и обвинетите се задолжени, солидарно, на мајката на починатиот Денис Тот, Т. Т., да ѝ исплатат 4.000.000 денари. Идентичен износ ќе треба да му се исплати и на И. Т., татко на починатиот, а на Б. Т., брат на покојниот, досудена е исплата на име нематеријална штета во висина од 3.000.000 денари. Во согласност со пресудата, при исплатата ќе биде пресметана и законска казнена камата од денот на донесување на првостепената пресуда“, велат од скопска Апелација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.