Од полиција со детали за сообраќајната несреќа во која вчера животот го загуби 43-годишниот Едмонд Амзаи, познат фотограф од Гостивар и сопственик на фото-студиото „Акон“.

Во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Велес, во близина на тунел Бадар, мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР.

По смртта од гостиварецот на социјалните мрежи се простуваа неговите пријатели, а албанските партии ги откажаа активностите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.