При контрола на граничниот премин Ќафасан во возило кај албански државјани биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра без соодветна документација.

На граничниот премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал – Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки. Возилото е управувано од А.С. (55), а совозач бил А.М.(47), двајцата албански државјани. Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација – соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Лицата и производите, додаде, се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.