Полициски службеници на СВР Тетово, вчера околу 13 часот и 50 минути во тетовско Долно Палчиште ги привеле 29-годишната С.Ч, 35-годишниот Е.Ч и 33-годишниот А.А., сите од Република Албанија.

Тие, пред тоа биле пријавени од 39-годишната А.М. од ова село дека во нејзината куќа се однесувале агресивно и се заканувале на членовите на нејзиното семејство поради нерасчистени односи со нејзиниот брат, кој е поранешен сопруг на С.Ч..

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.