По претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги на „Љуботенски пат“ во Скопје е лишен од слобода Б.И.(40) од Скопје.
Како што денеска информираа од МВР, тој бил осуден на затворска казна од пет години и десет месеци поради сторено кривично дело по член 418, став 2 од Кривичниот законик.
Поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната во времетраење од три години еден месец и 15 дена. Лицето е приведено и предадено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна, соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.