Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија денеска на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје го привеле И.К. од село Батинци, скопско. Тој бил затекнат како продава пиротехнички средства и кај него биле пронајдени вкупно 4.811 парчиња различни видови пиротехнички средства. И.К. бил приведен во полициска станица, а пиротехничките средства биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на ул.„192“ на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар заплениле 1.358 парчиња различни видови пиротехнички средства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.