Во последното деноноќие биле изгаснати 21 пожар, a еден бил ставен под контрола.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, утрово сè уште се активни два пожара, на Галичица Општина Чашка, на планината Мукос.

Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина.

Во Скопје биле изгаснати 10 пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а доколку граѓанин види пожар, што побрзо да го пријави истиот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.