Вчера во 14 часот на крстосницата на улиците „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски
ознаки, управувано од 75-годишниот А.А. од тетовско Вејце, удрило во пешак З.И.(79) од Тетово.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.