Во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари.

Според пријавеното, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.