На 25.02.2022 во 14,55 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Прдејци – село Смоквица, поточно на место викано „Ивикта“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(36) од село Миравци и патничко моторно возило “дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ќ.(23) од Гевгелија, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото “дачија“ М.П.(22) од Гевгелија, а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од истото возило Ј.Т.(22) с.Стојаково, С.А.(21) од Струмица и Г.М.(20) од Стар Дојран како и двајцата возачи, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.