37-годишниот С.Т. од Пробиштип е лицето кое вчера го загуби животот во сообраќајната несреќа која се случи на патот Штип-Кочани, потврдуваат од МВР.
Од полицијата информираат дека сообраќајката во која учествувале автобус и автомобил била пријавена во 19.40 часот.
Било пријавено дека на клучка Штип од магистрален пат „Три Чешми–Кочани“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од М.М.(37) од Пробиштип и автобус со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ќ.(42) од Пехчево. Во несреќата, од здобиените повреди починал сопатникот во патничкото возило, С.Т.(37) од Пробиштип, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, информира МВР.
Во несреќа, со повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничка болница во Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.