Вчераво 09.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(34) од с.Желино, тетовско, поради сомнение дека на 02.02.2024 во Тетово следел малолетничка од тетовско село и ја уценувал да биде со него за да не објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.

Според пријавеното, тој ѝ го одзел и мобилниот телефон.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.