Во сцена како во акционите филмови, 34-годишен скопјанец насилно бил изваден од неговиот дом, внесен во автомобил, тепан, избоден со остар предмет и фрлен кај Транспортен центар во близина на Железничката станица во Скопје. Тој го пријавил случајот во полиција и ги идентификувал напаѓачите.
„На 01.05.2024 во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, К.Б.(34) од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.Н. со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.Н., со уште едно лице совозач. Како што е пријавено, во возилото А.Н. му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.